СВР Скопје

Ограбувал фирми додека вработените биле на работа

Полицијата уапсила крадец кој ограбил четири фирми додека вработените биле на работа и украл околу 1.000 евра. Полицијата против Б.Д. (39) од Скопје поднела кривична пријава за  кражба.

Истрагата утврдила дека осомничениот кривичните дела ги сторил  во периодот од 30 април до 6 јули, и речиси сите на идентичен начин.

Крадецот провалил во фирма во центарот на градот и во три фирми во населбата Чаир. Незабележано влегувал во просторите на фирмите и откако ќе се уверел дека во канцелариите немало никој од вработените, се доближувал до работното биро на кое стоеле чанти, ги отворил и потоа ги одземал паричниците.

Во еден случај го отворил работното биро кое служело како каса и пронашол и одзел пари од дневниот промет и незабележан излегувал од фирмите.

По извршениот разговор, уапсениот  во целост ги признал кражбите и го опишал начинот на кој ги извршил. Судија на претходна постапка му одредил притвор од осум дена.

 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе