Ограбена поштата во скопски Чаир, украдени 13 милиони денари

Оружен грабеж се случил рано утрово во скопски Чаир каде од поштата биле украдени 13 милиони денари.

Како што информираа од полицијата, грабежот се случил десетина минути по 7 часот, откако вработените ја отвориле поштата лоцирана на улицата Џон Кенеди. Двајца маскирани и вооружени, кои биле облечени во работнички комбинизони, упаднале во просториите и под закана со оружје ги украле парите. Веднаш потоа со две веспи избегале во непознат правец.

Полицијата трага по разбојниците и работи на случајот.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе