Ограбен таксист во Морани

Три непознати лица ограбиле таксист во скопското село Морани, соопшти денеска МВР.

Денеска во пет минути по полноќ во Единицата за информации и команда Скопје 58-годишниот скопјанец М.Г. пријавил дека вчера околу 23.40 часот во селото Морани три непознати лица извршиле разбојништво над него.

Со такси-возило ги превезувал лицата и кога застанал да наплати, едно од лицата со закана со нож му одзело околу 2.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе