Одземени возачките дозволи на 12 пијани возачи, еден од нив имал 2 промили алкохол во крвта
Во ноќните часови од 22 до 4 часот, сообраќајната полиција спроведе контрола со алко-тест на возачи запрени на територијата на СВР Тетово, при што за 12 возачи било утврдено дека се во алкохолизирана состојба. Кај еден возач е утврдено дека имал 2 промили алкохол во крвта, што е тешко пијанство, а еден возач одбил да биде тестиран. Нив времено им се одземени возачките дозволи и се изготвени соодветни прекршочни поднесоци.,
Од казнетите возачи 7 биле тестирани на територијата на општината Тетово, а 5 на територијата на општината Гостивар.
Како што информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, во акциската сообраќајна котрола биле изречени и 16 други прекршоци.
Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството.
Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.