Одземени околу 11 кубни метри огревни дрва

Службеници од СВР Битола, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициската станица Прилеп вчера во периодот од 07 до 18.00 часот извршија засилени контроли на повеќе локации во Прилеп за откривање на случаи на бесправно сечење огревни дрва.

Притоа, како што соопшти МВР, во повеќе возила биле пронајдени и одземени околу 11 кубни метри огревни дрва, кои биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а лицата кои ги управувале биле лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

„На патниот правец Плетвар – село Царевиц биле затекнати четири патнички возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва и тоа: патничко возило „Фолксваген Поло" со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.С. (35) од Прилеп, а сопатник бил Т.Р. (32) од Прилеп, патничко возило „Опел Астра" со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р. (45) од Прилеп, патничко возило „Сеат Толедо" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (47) од Прилеп и патничко возило „Фолксваген Голф" со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.П. (45) од Прилеп“, се наведува во соопштението.

Дополнително, на патот кон Вештачкото езеро, во близина на село Дервен, биле пронајдени две оставени возила „Лада Нива", од кои едното било натоварено со дрва.

„Над манастирот „Св. Ѓорѓи" биле пронајдени и подигнати бесправно исечени огревни дрва, додека на место викано Борила и место викано Леково биле пронајдени две, односно четири запрежни возила натоварени со огревни дрва“, се додава во соопштението на МВР.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе