Од сообраќај се исклучени четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се: еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем и еден возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатиот ден издаден е 41 мандатен платен налог и 39 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.