Од „мерцедес“ во Тетово запленети 22 килограми наркотици

Во брза и ефикасна полициска акција на главниот булевар во Тетово, попладнево, околу 17 часот, се запленети 22 килограми марихуана.

Како што дознава телевизијата „Алсат“, по навремени оперативни сознанија, дрогата е пронајдена во автомобил марка „мерцедес“ со скопски регистарски таблички.

Приведени се две лица, жители на Дебар, едниот од нив е возач на автомобилот, но не е исклучено инволвираност и на други лица.

До овој момент не е познато од каде е дрогата и за кој пазар е наменета.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе