Провалници од книжарница во Скопје украле 6 уметнички слики, па се вратиле по уште 10 слики

Шест уметнички слики украле провалници кои влегле во една книжарница во Скопје во непознато време, но во период кога биила затворена, од саботата попладнето па до пријавувањето синоќа пред полноќ. Но, повторно денеска влегле крадци и украле уште 10 слики.

фото: илустрација

МВР соопшти дека малку по полноќ во полициската станица Центар, сопственик на книжарница лоцирана на улицата .„Ѓуро Стругар" во Скопје пријавил дека насилно и со посебен алат било влезено во книжарницата, во периодот од 16 часот во саботата, па до 23.55 часот синоќа, и дека се одземени шест уметнички слики. Исто така, денеска во 12 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во истата книжарница денеска повторно било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени уште 10 уметнички слики.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Легенда под Главна слика

фото: илустрација

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе