Од канцеларија на скопска фирма украден пиштол

Вчера во Скопје било пријавено дека во времето од 10 до 12.15 часот на ул. "Волгоградска" во стан кој како деловен простор го користел правен субјект од Скопје, сопственост на О.П.(47), непознат сторител извршил тешка кражба.

Крадецот зел еден пиштол марка глок 9 мм, кој О.П. го поседувал со дозвола. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе