Од гром во Битолско изгореа штала и добитокот

На место викано „Стрчин" вчера удрил гром во штала и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот бил изгаснат од противпожарната екипа од Битола. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера околу 15:30 часот во СВР Битола.

„На место викано „Стрчин" удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола“, наведуваат во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе