МВР во соработка со германската полиција

Од Германија екстрадиран осудник баран со осум потерници

Секторот за меѓународна полициска соработка, при Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во Македонија лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници.

Ѓ.М. е осуден на затворска казна со вкупно времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти.

Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи во рамките на оперативната акција „Бегалец" превзема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и приведување лица, кои се бараат за издржување на затворска казна на територијата на Македонија, истакна од МВР.

Од Министерството информираат дека во периодот од 15 септември до 20 октомври на територијата на Македонија приведени се над 100 лица за издржување на затворска казна до 10 години и истите се спроведени во казнено поправните институции.

Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивните мерки и активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе