MВР

Од фабрика за медицински канабис украдени околу 60 кг дрога, тројца приведени

Полицијата вчера приведе три лица, Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Албанија и Р.К. (22) од Косово, поради основано сомневање дека сториле кривично дело неодзволена трговија со дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во викенд куќа во селото Врбоец, крушевско, пронајдена е поголема количина наркотична дрога марихуана. Сомневањата се дека марихуаната била украдена од правно лице од крушевско за производство на медицински канабис. Со наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен бил претрес во викенд-куќата, при што се пронајдени и одземени шест вреќи со околу 60 килограми марихуана.

При претресот едно лице избегало, но за кратко време било лишено од слобода, при што е констатирано дека станува збор за Т.С. (22) од Скопје.

Со судска наредба од Основен суд-Крушево, претрес бил извршен и во изнајмени соби од сместувачки објект во Крушево, во кои престојувале лицата: В.К., Р.К., Л.С. (23) и Т.С., при што биле пронајдени и одземени масло од хашиш и марихуана. В.К. и Р.К. биле лишени од слобода.

На приведените лица одреден им е притвор, по што од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомневање дека како организирана криминална група сториле кривично дело предвидено и казниво по член 215, ст.3 од Кривичниот законик.

Од МВР посочуваат дека истрагата продолжува и денеска, во соработка со Министерството за здравство, при што во моментов се врши инспекциски надзор на правното лице за производство на медицински канабис.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе