, при што на планината Беласица биле запрени товарно возило „застава", со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (29) од село Банско, натоварено со бесправно исечени огревни дрва и моторно возило „лада", со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (22) од село Свидовица, струмичко, исто така, натоварено со бесправно исечени огревни дрва.
Во рамки на преземените мерки и активности, на друга локација на планината Беласица, дополнително биле пронајдени 4 м3 бесправно исечени огревни дрва. Дрвата и возилата се одземени и предадени на Шумската полиција Струмица. За случајот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.