Акција на МВР во струмичкиот регион

Од дрвокрадци одземени бесправно исечени дрва и возила

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица презеле засилени мерки за откривање и санкционирање на лица кои вршат бесправна сеча и превоз на огревни дрва. Од дрвокрадци одземени се камион и автомобил кои биле натоварени со дрва, а во шумата пронајдени се 4 кубни метри исечени дрва.

, при што на планината Беласица биле запрени товарно возило „застава", со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (29) од село Банско, натоварено со бесправно исечени огревни дрва и моторно возило „лада", со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (22) од село Свидовица, струмичко, исто така, натоварено со бесправно исечени огревни дрва.

Во рамки на преземените мерки и активности, на друга локација на планината Беласица, дополнително биле пронајдени 4 м3 бесправно исечени огревни дрва. Дрвата и возилата се одземени и предадени на Шумската полиција Струмица. За случајот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе