Од 528 казнети возачи во Скопје 85 не користеле појас или зборувале на мобилен

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 528 казни во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Од овие казни 56 се за возење без возачка дозвола, 56 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 санкционирани мотоциклисти, а 85 казни се за некористење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење. Исто така изречени се 84 казни за непрописно паркирање и 83 за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе