Од 231 казна во Скопје, 66 се за брзо возење

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 231 мерка, од кои 66 за возење повеќе од дозволената брзина, 13 за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол и шест за технички неисправни и нерегистрирани возила. 

Исто така, изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон, девет за некористење сигурносен појас, 13 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 58 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе