Од 219 казни во Скопје 30 се за мотоциклисти

На територијата на Скопје, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата изрече вкупно 219 мерки, меѓу кои 55 за возење повеќе од дозволената брзина, 16 за возење без возачка дозвола и 30 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Исто така, изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за непрописно престројување на возила, како и четири мерки за неносење на сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе