Од 191 казна за сообраќајни прекршоци во Скопје 69 се за пешаци

Полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 191 мерка, меѓу кои 22 за возење повеќе од дозволената брзина, 12 за возење без возачка дозвола и 69 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон, девет за возење под дејство на алкохол, две за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), како и четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

 

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе