Од 170 казни во Скопје дури 84 се за брзо возење

На територијата на град Скопје вчера полицијата изрече вкупно 170 мерки во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Од нив 84 се за возење над дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола, а пет за нерегистрирани возила.

Исто така, изречени се 45 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, три за користење мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас и три санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе