Од 154 казни во Скопје 65 се за брзо возење

Вкупно 154 мерки изрече вчера полицијата во Скопје во рамките на засилените  акциски контроли во областа на сообраќајот. Од нив 65 се за возење повеќе од дозволената брзина, девет за возење без возачка дозвола, 27 за прекршоци што ги чинат пешаците, како и 29 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.   

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе