Од 154 казни во Скопје 46 се за брзо возење

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата вчера во Скопје изрече вкупно 154 мерки, од кои 46 се за возење повеќе од дозволената брзина, 15 за возење без возачка дозвола и три за управување под дејство на алкохол.

Изречени се и 5 санкции за користење мобилен телефон, 32 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, како и 14 санкции за непрописно паркирање.  
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе