Од 151 казна во Скопје 59 се за брзо возење

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на Скопје полицијата вчера изрече 151 мерка од кои 59 се за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола, а три за некористење сигурносен појас.

Исто така, изречени се четири мерки за вградени неатестирани фолии-затемнети стакла, три за прекршоци што ги сториле возачи на мотоцикли, како и 44 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе