Од 141 казна во Скопје 32 се за брзо возење

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата вчера во Скопје изрече 141 мерка, од кои 32 за возење повеќе од дозволената брзина, 26 за возење без возачка дозвола, како и две мерки за минување на возила на црвено светло.

Исто така, изречени се две мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, две за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест за користење на мобилен телефон, четири за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли и 33 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе