Од 134 казни во Скопје 68 се за брзо возење

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 134 мерки, меѓу кои 68 за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола и 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Исто така, изречени се две мерки за користење мобилен телефон, 21 санкција за возење под дејство на алкохол, како и четири за нерегистрирани возила.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе