Обвинителството поведе постапка против 25 лица заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за казнени налози против 23 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на опасната болест предизвикана од коронавирусот, со тоа што пеш или со возило се движеле низ градот за време додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата“, соопштија од ОЈО.

За стореното кривично дело, Обвинителството му предложило на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина до 2000 евра.

„За две лица, Обвинителството до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог, бидејќи тие покрај стореното кривично дело –  Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1, го сториле и кривичното дело – напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, наведоа од ОЈО.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе