Осомничениот, на 25 октомври, во возилото ‘цитроен‘ кое го управувал, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – хашиш во вкупна количина од околу 110 килограми, спакувана во 114 пакувања ставени во картонски кутии и торби во просторот за багаж. Дрогата требало да ја пренесе на непозната локација, а бил откриен и фатен на излезот од паркинг на магистралниот пат Ресен-Охрид“, соопшти Обвинителството.
За осомничениот Обвинителството до Основниот суд Охрид достави и предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство.