По акцијата на МВР

Обвинителството почнува истрага против четири лица по синоќешната акција „Сикрет“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава, денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, кои се сомничат дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на надлежен јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерството за внатрешни работи спроведе акција со кодно име „Сикрет“. Вчера беа извршени претреси на 11 локациии низ Скопје и околината. Во акцијата приведени се три лица, додека едно лице во моментот е недостапно на органите на прогонот. Еден од осомничените во обид да ја напушти државата е уапсен на Меѓународниот аеродром Скопје. При извршените претреси пронајдени и одземени се повеќе пакувања на наркотична дрога што била подготвена за дистрибуција и продажба, пет луксузни патнички моторни возила, поголемо количество на парични средства што потекнуваат од извршувањето на кривичното дело, како и ваги за мерење на дрогата, огнено оружје и телефони. Предметите од претресите по наредба на обвинител се предадени на вештачење“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Оттаму информираат дека двајца од осомничените, кои се браќа, од почетокот на  февруари годинава во повеќе наврати од непознати лица, набавувале неодредени количини на наркотична дрога кокаин, ја препакувале во нивниот дом и неовластено ја продавале.

Тие, со цел продажба на дрогата и стекнување на противправна имотна корист, организирале мрежа на препродавачи меѓу кои биле останатите осомничени задолжени за доставување дрогата до купувачите на различни локации во градот Скопје. Неовластената продажба се остварувала преку телефонски контакти со лица уживатели на дрогата. Во зависност од големината на пакувањата дрогата што ја нуделе била по цена од 2.500 до 6.000 денари.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 во текот на денешниот ден поднел предлог за определување на мерката – притвор за осомничените. 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе