Обвинителството побара притвор за двајца прилепчани за кражба во стан во Скопје

Двајца прилепчани се осомничени за тешка кражба во стан во Скопје, од каде одзеле накит во вредност од 65.000 денари, а поради опасност да го повторат делото обвинителството предлага да им биде определен притвор.

Како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје, поведена е постапка против две лица осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236, став 1, точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двете лица од Прилеп, на возраст од 30 и 29 години, заедно на 1 февруари провалиле во стан на улицата „Никола Парапунов" во Скопје. Едниот осомничен внимавал некој да не наиде, додека другиот го скршил цилиндерот од бравата на надворешната врата и од станот одзел накит во вредност од 65.000 денари.

„Јавниот обвинител му предложи на судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тие би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото“, информираат од Обвинителството

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе