Oбвинителството побара притвор за 20-годишникот кој вчера претепа деца и сериозно ги повреди

Јавното обвинителство отвори истрага против 20-годишник од Скопје, кој вчера во населбата Кисела Вода најпрво претепа едно 15 годишно дете на кое му скрши два заба и му предизвика потрес на мозокот, а потоа претепа уште две деца. Обвинителството побара од судот да му изрече мерка притвор. Насилникот беше приведен вчера на булеварот „Србија“ во населбата Аеродром.

Истражната постапка на Обвинителството е за продолжено кривично дело насилство.
Како што информира државното Јавно обвинителство, вчера, пред средно училиште и кафе-бар во Кисела Вода, „осомничениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи исти прилики, односно сторил грубо насилство врз три деца“.

„Додека едно од оштетените 15-годишни деца седело во кафе-барот заедно со неговите соученици, осомничениот влегол заедно со уште две непознати лица, го фатил детето за вратот и насилно го извадил надвор. Давејќи го за врат, го однел до подземни гаражи во непосредна близина и со тупаница го удрил по лицето, нанесувајќи му тешки телесни повреди – фрактура на два предни заба, набиеници на усните и потрес на мозокот. Потоа осомничениот во придружба на другите две лица влегол во дворот училиштето, се приближил до уште две 15-годишни деца, удирајќи ги со шлаканици и со тупаница и нанесувајќи им телесни повреди. Осомничениот со насилството предизвикал чувство на страв и несигурност кај присутните ученици и кај други сведоци на настанот“, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, наведува Обвинителството, постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе