„Предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик“, соопшти обвинителството.
Оттаму додаваат дека надлежен јавен обвинител издал наредби до СВР Струга за утврдување на идентитетот на сторителот, како и за идентификација на други присутни на настанот. Во исто време, по наредба на јавен обвинител ќе бидат обезбедени евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на кривично-правниот настан.