Обвинителството отвори истрага за сообраќајката со Кичеец

Полицијата соопшти дека обвинител од Гостивар ја води истрагата и бил на увид кај Стража, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа со жртва и повредени, а во неа учествуваше и осуденикот за случајот Рекет, Зоран Милески Кичеец.

Според МВР, Кичеец возел џип мерцедес и со него биле и двајца српски државјани, кои се тешко повредени. Во несреќата учествувале и товарно возило сангјонг, во кое во несреќата загина 34-годишен жител на Гостивар, како и возило БМВ. Покрај еден загинат, во несреќата тешко се повредени уште четворица, а Кичеец и уште двајца се полесно повредени. Несреќата се случила вчера попладне на превојот Стража, во близина на Ново Село.

Затворската управа потврди дека Зоран Милески Кичеец е пуштен на медицинско отсуство од затворот во Струга, каде што ја издржува 3-годишната затворска казна откако призна вина во случајот „Рекет“, каде што беше обвинет заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

Медицинското отсуство поради здравствени причини е издадено до 8 септември, а сѐ уште од управата не соопштуваат како лице пуштено од здравствени причини се нашло во возило со двајца странски државјани и дали здравствената состојба поради која е пуштен да се лекува му оневозможувала да се движи и да патува.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе