Обвинителството бара казни за 43 лица во Скопје за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2.000 евра против вкупно 43 лица за непочитување на полицискиот час.

„Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како без дозвола се движат на различни локации“, пишува во соопштение на ОЈО.

Обвинителството му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за секој од обвинетите да изрече парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе