Обвинителството бара казни од по 2.000 евра за 13 прекршители на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за изрекување казнени од по 2.000 евра за 13 лица од Кочани за нарушување на полицискиот час.

„Обвинетите, во периодот од 23 до 29 март, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови“, информираат од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Кочани на Основниот суд Кочани му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност

Сите се товарат за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе