Извршен увид на местото на крвавиот настан во Струга

Со нож ја убил сопругата на гости кај пријатели, па се обидел да се самоубие

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде беше убиена жена на возраст од 34 години. Според првичните сознанија, сопружниците се скарале додека биле на гости во домот на пријатели. Таму мажот зел нож и ја убил сопругата, по што се обидел да се самоубие. 

Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот ѝ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели каде сопружниците биле во посета.

По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот.

По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе