Основно јавно обвинителство Скопје

Обвинето лице од Долно Количани за недозволено поседување на оружје

Кај 27 - годишно лице во Долно Количани полицијата пронашла пуштол и муниција, по што Обвинителството поднесе обвинение и барање до судот за притвор. 

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Кај обвинетиот на 1 февруари, во селото Горно Количани, во неговиот автомобил е пронајден пиштол марка „Црвена застава М 70А" со калибар 9 мм Para, со две рамки и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени под возачкото седиште во автомобилот, а лицето немало дозвола за оружјето.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот 27-годишник, за кого се оценува дека сѐ уште би можел да се даде во бегство или да го повтори делото кое му се става на товар, соопшти Обвинителството.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе