Осомничениот во куќен притвор

Обвинение за жител на Марино, во куќа криел оружје и муниција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против маж од Марино, кој е осомничен дека во својот дом криел оружје и муниција. Се гони за кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. 

„Обвинетиот, 65-годишен жител на село Марино, во својот дом неовластено држел полуавтоматски пиштол „Црвена застава мод.70" со калибар од 7,65мм со два шаржери, десет куршуми со калибар 7,65мм, ловна пушка „Заводи црвена застава" со калибар 12мм, полуавтоматски пиштол „Црвена застава м57" со калибар 7,62Х25мм, 18 куршуми муниција за тој пиштол, 89 ловни патрони, како и пневматска пушка без ознака и број и од неутврдено потекло, наменета за истрелување на оловни проектили – дијаболи“, соопштуваат од обвинителството. 

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на веќе определената мерка куќен притвор.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе