Обвинение за турски државјанин, фалсификувал пасош

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело „фалсификување исправа”.

„Обвинетиот, на 10 септември, во постапката за продолжување дозвола за привремен престој на странец, пред службите на Министерството за внатрешни работи, употребил како вистинска преправена јавна исправа, турски пасош. Во патната исправа била извршена замена на оригиналната надворешна корица и на страницата со податоци”, информираа од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд му предложил да определи притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе