Обвинение за скопјанецот во чиј дом беа најдени марихуана, хашиш и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 15 јануари, во куќа во сопственост на таткото на 48-годишниот обвинет во Сингелиќ, биле пронајдени 14 килограми и 131 грам марихуана спакувани во 39 пакувања, како и 4 литри хашиш масло. Освен ова, полициските службеници при претресот пронашле и еден пиштол марка „Црвена застава" со калибар 9мм Para, две рамки и вкупно 57 куршуми од истиот калибар, соопшти денеска МВР.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои реална опасност тој да се даде во бегство и можност да го повтори делото.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе