ОЈО Скопје

Обвинение за скопјанецот кој што дома чуваше калашников

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело, Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 34-годишник, на 31 август, во домот во кој престојувал на улицата „Александар Бујунов" во Скопје држел автоматско оружје, пушка калашников АК-47, како и две рамки со 41 куршум од калибар 7,62Х39 мм. Станува збор за оружје кое на граѓаните им е забрането, а било пронајдено при претрес во домот на обвинетиот, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител, информираат од ОЈО, до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе