Обвинение за пироманот кој со бензин запали автомобил пред куќа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривични дела тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 4 јануари, пред куќа на улицата „Јабланица" во Скопје, опожарил паркирано патничко возило Ауди. Притоа употребил бензин кој го активирал со запалка и предизвикал експлозија. Со пожарот кој се развил обвинетиот предизвикал значителна опасност за имотот од поголеми размери, бидејќи огнот се проширил и кон други автомобили паркирани во близина, зафаќајќи директно уште едно возило Форд мондео. Со дејствијата обвинетиот предизвикал материјална штета од 348.088 денари на сопственикот на целосно опожареното возило Ауди, како и 8.759 денари за сопственикот на делумно опожарениот автомобил Форд мондео, соопштија од ОЈО.

Од Обвинителство информираа дека при претрес во домот на обвинетиот на 5 февруари во село Варава било пронајдено огнено оружје – полуавтоматски пиштол марка „Црвена застава М57" со калибар 7,62Х25 мм, два куршуми во рамка, како и уште 54 други куршуми од истиот калибар.

„Надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка куќен притвор, додека на сила и натаму се и дополнителни мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за прибилижување или комуникација со оштетените“, додадоа од ОЈО.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе