Гостиварско обвинителство

Обвинение за маж кој со тупаници ѝ нанел тешки повреди на поранешната вереница

Поднесен е обвинителен предлог против маж од село Форино кој на поранешната вереница ѝ нанел тешки телесни повреди, скршеници и потрес на мозокот со тепање со тупаници по лицето и телото.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен жител на Форино, кој се товари дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 28 септември, во селото Добридол, при вршење семејно насилство, обвинетиот тешко телесно ја повредил поранешната вереница. Тој ја пречекал оштетената која се упатила кон својот дом, ја фатил за десната рака и запонал да ја влече за да ја внесе во неговиот автомобил. Жената паднала, по што обвинетиот започнал да ја удира со тупаници по лицето и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – нагмечувања, скршеници и потрес на мозок“, соопшти Обвинителството.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе