Обвинение за лабораторија за марихуана во Булачани

Скопското обвинителство до Кривичниот суд во Скопје, поднесе oбвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информираат од ОЈО Скопје.

Во описот обвинителството се вели дека на 2 март, на автобуска станица во населбата Хиподром, обвинетиот 26-годишник во рацете носел две најлонски ќеси со наркотична дрога – марихуана и една дигитална вага, која веднаш му била одеземена од полициски службеници.

„Подоцна во неговиот автомобил, паркиран во неговиот двор, биле пронајдени три најлонски ќеси и една сина кутија со марихуана, како и еден шприц со хашиш масло. При претрес на домот на обвинетиот во селото Булачани, пак, било утврдено дека тој неовластено произведувал марихуана, за што набавил опрема и инсталирал лабораторија за одгледување. Притоа биле пронајдени и 69 саксии со засадено растение – канабис, како и метална кутија со шест полиетиленски паковки марихуана“, соопштија од обвинителство.

Со оглед на тоа што и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог со кој побара да се продолжи претходно определениот притвор за обвинетото лице. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе