Обвинение за кражба, украл мобилен од џеб на девојка додека чекала автобус

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог за кражба против едно лице, кое се товари дека на 15 октомври годинава на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков", одзел мобилен телефон вреден 30.000 денари од една оштетена.

Обвинетиот ја забележал оштетената која се упатила кон еден автобус и во тој момент од џебот на јакната и го одзел мобилниот телефон, но веднаш бил забележан од полициски службеници кои го лишиле од слобода, информираат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство.

Лицето се товар за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе