Обвинение за гостиварец кој криеше хероин во ретровизор

По спроведена истрага, поднесено е обвинение за гостиварецот кај кого пред еден месец бил пронајден хероин скриен зад ретровизор во неговиот автомобил. На обвинетото лице ќе му биде продолжена и мерката притворот.

Од Јавното обвинителство известуваат дека по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на возраст од 57 години, на 28 април неовластено заради продажба набавил наркотична дрога хероин со вкупна тежина од 10 грама. Дрогата, спакувана во две полиетиленски ќесички, била пронајдена скриена зад огледалото на левиот ретровизор од неговиот автомобил Ауди А6.

„Бидејќи сè уште постојат законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице“, информираат од ЈО.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе