Обвинение за гостиварец, дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 49-годишен гостиварец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес од страна на овластени службени лица, на 30 јуни 2021 година кај наплатната рампа Глумово, кај обвинетиот биле пронајдени наркотична дрога хероин во вкупна количина од 50,25 грама и парични средства во банкноти со различна вредност во вкупен износ од 1.640 денари и 880 евра.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице.

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе