Обвинителство - Битола

Обвинение за битолчанец која ја малтретирал сопругата

31-годишен битолчанец во повеќе наврати физички и психички ја малтретирал сопругата. 

Основното јавно обвинителство – Битола поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжени кривични дела „загрозување на сигурноста и неизвршување судска одлука, како и телесна повреда".

„Лицето на возраст од 31 година е обвинето дека во периодот од 18 октомври до 1 декември 2019 година, во осум наврати, при вршење семејно насилство и со закани, ја загрозил сигурноста на оштетената – негова сопруга“, информираат од Обвинителството.

Оттаму велат дека обвинетиот продолжил да ја пресретнува и да и се заканува на оштетената иако со правосилното решение на Основниот суд Битола од 20 ноември 2019 година му биле изречени привремени мерки на заштита и тоа: забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство кон оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метра до работното место на оштетената.

„На 28 ноември минатата година, ја пресретнал оштетената и го одзел мобилниот телефон, ја удрил со шлаканици и клоци и започнал да ја трга за раката. Оштетената паднала на земја и се здобила со телесна повреда – набиеници во пределот на лицето, левата рака и телото“, појаснуваат од Обвинителството. 

Ценејќи ги сите околности во предметот, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола поднесе и Посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, велат од Основното јавно обвинителство- Битола.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе