Обвинение за арачиновец за неовластена продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице, на возраст од 20 години за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Дрогата кај обвинетиот била пронајдена на 23 февруари при претрес на неговиот дом во Арачиново. Марихуаната спакувана во едно поголемо пакување облепено со селотејп трака, со нето маса од 1007,8 грама,  обвинетиот ја држел заради продажба  скриена во плакар во подрумска просторија.

Поради опасност обвинетиот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот.  

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе