Обвинение за 6 лица кои сакале да патуваат со лажни ПЦР-тестови

Четворица македонски државјани и по една државјанка на Швајцарија и Велика Британија покажале лажни потврди за негативни ПЦР-тестови за ковид вирусот на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против шесте лица за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информираат дека при излез од државава, во одделни кривично-правни настани, обвинетите, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР-тестови за коронавирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.

Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе