ОЈО Велес

Обвинение против возач кој прегазил маж и го оставил да почине

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против возач кој прегазил и усмртил човек кој пијан и беспомошен лежел на асфалтот и наместо да застане и да му пружи прва помош продолжил да вози кон Гевгелија, во март годинава на регионалниот пат Велес-Градско

„ОЈО Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.4 во врска со чл.297 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело  неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од чл.301 ст. 1 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.

Истрагата утврдила дека осомничениот на 5 март годинава на регионалниот пат Велес – Градско, управуваајќи автомобил „фолсваген шаран“ со неприспособена брзина на условите на патот и не се придржувал кон одредбата од чл.33 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, го загрозил јавниот сообраќај така што ги довел во опасност животот и телото на луѓето.

„Во услови на дождливо време и влажен коловоз, и при стемнување, тој не ја намалил брзината на движење на возилото, при што нејасно забележал дека на коловозот во лежечка положба се наоѓа едно лице во алкохолизирана состојба. Осомничениот започнал да го заобиколува, но тоа го направил во недоволен лак и налетал на телото на оштетениот, нанесувајќи му тешки повреди. По настанот, осомничениот го оставил повредениот без помош и заминал во правец кон Гевгелија. Поради тешките повреди прегазениот изгубил  крв, а била нарушена и работата на витално важни органи, што резултирало со смрт“, велат од Обвинителството.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе