Основно јавно обвинителство

Обвинение против 47-годишен жител на Студеничани за тешка кражба од автомобил

47-годишен жител на Студеничани е обвинет за кривично дело „тешка кражба“ и за него се бара притвор. 

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 47-годишен жител на Студеничани за кривично дело „тешка кражба".

Обвинетиот на 14 септември 2019 година на булеварот АСНОМ во Скопје го скршил задното десно стакло од паркиран автомобил Бе-Ем-Ве Х6 и одзел туѓи подвижни предмети: чанта вредна 3.000 денари, лап топ во вредност од 30.000 денари, ваучер од 2.000 денари, нотес и лични документи.

„Јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот, а особено затоа што се работи за лице кое и претходно е осудувано за исто кривично дело и против кое се водат и други постапки за дела од имотен карактер на подрачјето на градот Охрид“, информираат од ОЈО.

Обвинетиот се товари за кривично дело „тешка кражба" од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе